blank
T-Mobile Macedonia
ДомаЗа нас
Мојот T-Mobile
Помош и поддршкаМапа на сајтот
ShqipEnglish  
Стани постпејд корисник
Тарифи
Тарифен селектор
Роаминг
Клуб 360
 
Стани постпејд корисник
Потребни документи за новите постпејд корисници

За секој нов постпејд корисник!
Разговори за 1 ден./мин. без дополнителна претплата!

Уживај и ти во супер евтините разговори кон дури 1,3 милиони пријатели! Сега со секој нов или обновен постпејд договор, можеш да зборуваш за неверојатни 1 ден./мин. цело лето без дополнителна претплата. Плус, добиваш и гратис web’n’walk L пакет со кој ќе сурфаш бесплатно до крајот на летото.



За физичко лице:

  За вработени:
 
  • М1/М2 образец или Потврда за вработување не постара од 30 дена.
  • еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
  За пензионери:
 
  • пензиски чек од претходниот месец на износ еднаков или поголем од 5 000 денари; и
  • еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
 
За правно лице:
 
  • извод за тековната состојба на правниот субјект издаден од Централниот регистар на РМ, не постар од 6 месеци;
  • даночна картичка;
  • потписен картон за жиро-сметката на правното лице издаден од овластено лице во банката депонент; и
  • доказ за својата платежна способност издадена од банката депонент (Извештај за солвентност издаден од банката или извод од сметката за последниот месец. По потреба, Т-Mobile МК има право да побара и бонитет односно извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех потврдени од Централниот регистар).

Потребни документи за правни лица кои немаат активна жиро сметка:

  • Барање, потпишано од овластен потписник на правното лице или од вработен ополномоштен со специјално писмено полномошно за таа намена издадено од правното лице;
  • Судска регистрација (обрасци бр. 1, 2 и 6 од судската регистрација);
  • Даночна карта;
  • *Уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките.

Потребни документи за невработени лица:

  • Барање потпишано од претплатникот;
  • Два документа за лична идентификација;
  • *Уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките.

Потребни документи за склучување нов постпејд договор за странски државјани кои престојуваат во Македонија:

  • Барање потпишано лично од страна на претплатникот;
  • Пасош;
  • Дозвола за престој во Република Македонија;
  • Дозвола за работа;
  • Потврда за заснован работен однос издадена од страна на организацијата / компанијата на меморандум;
  • *Уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките.

*Заедно со потпишувањето на стандардниот претплатнички договор, се потпишува и анекс кон претплатничкиот договор за уплата на парични средства како гаранција (депозитот) за навремено плаќање на месечните фактури.
Правните лица се обврзани да потпишат претплатнички договор за секоја активна линија и исто така ќе мора да го потпишат овој анекс за секоја активна линија. Плаќањето на гаранцијата (депозитот) се врши во продавниците на T-Mobile.
Износот на уплатените средства е во зависност од потребите, во денарска противвредност според среден курс на НБМ:

  • 500 евра за користење роаминг и меѓународни повици;
  • 200 евра доколку не се користи роаминг и меѓународни повици.