Мој клуб

Нарачка на подароци

Отсега можете да одберете нови и разновидни подароци од збогатениот и освежен каталог кој ви го носи Мој клуб.

Доколку сте само T-Mobile корисник

Проверете ја состојбата, односно вашите Мој клуб поени на последната фактура ,со праќање SMS со содржина Mojкlub на бројот 070 142 566 или преку порталот Мојот T-Mobile

Одберете подарок од Каталогот со подароци на Мој клуб;

Откако сте го одбрале подарокот, ги имате на располагање следниве начини за нарачување на своите подароци:

1. Преку Контакт центарот на T-Mobile на 070 122

Јавете се на 070 122 за да го нарачате производот. Притоа, потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави. Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.

2. Преку веб порталот Мојот T-Mobile

Посетете ја https://my.t-mobile.mk/. Доколку сè уште се немате регистрирано, завршете ја брзата постапка низ неколку лесни чекори.

Одберете подарок според бројот на вашите Мој клуб поени од табот Мој клуб. Во моментот кога производот ќе биде достапен во Телеком продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.

3. Во продавниците на Телеком

Отсега сите T-Mobile корисници ќе имаат можност својот подарок да го нарачаат во сите продажни места на Телеком. Притоа потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави; Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата,ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.

Доколку сте T-Mobile и T-Home корисник (кој веќе поседува клупска картичка)

Состојбата, односно бројот на вашите Мој клуб поени здобиени од користење на услугите на мобилната телефонија, можете да ги проверите на последната T-Mobile фактура со праќање SMS со содржина Mojklub на бројот 070 142 566 или преку порталот Мојот T-Mobile.

Состојбата, односно бројот на вашите Мој клуб поени здобиени од користење на услугите на фиксната телефонија, можете да ги проверите на последната сметка од Македонски Телеком.

- Одберете повреден подарок од Каталогот со подароци на Мој клуб со собраните поени од
Т-Home и T-Mobile

- Откако сте го одбрале подарокот, ги имате на располагање следниве начини за нарачка на своите подароци:

1. Преку Контакт центарот на T-Mobile на 070 122

Јавете се на 070 122 за да го нарачате производот. Притоа потребно е да ги кажете бројот на вашата T-Mobile фактура, бројот на Вашата клупска картичка, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави; Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.

2. Преку веб порталот Мојот T-Mobile

Посетете ја https://my.t-mobile.mk

Доколку сè уште се немате регистрирано, завршете ја брзата постапка низ неколку лесни чекори. Одберете подарок според бројот на вашите Мој клуб поени од табот Мој клуб;

Во моментот кога производот ќе биде достапен во Телеком продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.

3. Во продавниците на Телеком

Потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура, бројот на Вашата клупска картичка, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави. Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.

Или, како и T-Home корисниците кои веќе поседуваат Клуб картичка, нема потреба од нарачување на подарокот. Одбраниот подарок можете да го побарате и веднаш да го подигнете во Телеком продавниците.

Напомена: При нарачка на подароци преку горенаведените канали, први ќе бидат искористени поените стекнати на вашата Т-Mobile сметка, додека при директно подигање на подароците во Телеком продавниците први ќе бидат искористени поените стекнати на Вашата сметка од Македонски Телеком.

Доколку сте T-Home корисник

Отсега T-Home корисниците својот омилениот подарок можат да го нарачаат и на бесплатниот број 171, покрај  продавниците на Телеком.

Општи услови

  • T-Mobile корисниците кои на свое име поседуваат поени стекнати на повеќе сметки, можат заеднички да ги користат при нарачка на подароци од Каталогот на подароци на Мој клуб.
  • Поените не можат да се заменат во пари.
  • Ако еден претплатник ја префрли својата линија на компаниската, поените што ги добил како индивидуален претплатник ќе бидат загубени.
  • Ако компаниски претплатник ја префрли линијата на индивидуален претплатник и ако компанискиот претплатник не бил одговорен за плаќање на сметката, тогаш сите добиени поени ќе останат на компаниската сметка. Ако се работи за лице кое било одговорно за плаќање на својата сметка во рамките на компанијата, тогаш сите поени ќе му бидат префрлени нему, на индивидуалната сметка.
  • Предметите во Каталогот можат да се разликуваат во боја или големина.
  • Предметите можат да бидат различни од месец до месец.
  • Предметите од Каталогот можат да се подигнат само со поени.
  • Нарачка можат да направат само активни корисници на T-Mobile.
  • T-Mobile го задржува правото да ги менува правилата во кое било време без претходна најава.